Списанието „Екологија“ е најстарото списание за екологија во Македонија кое постои веќе 15 години. Биди Зелен тимот го презема раководењето на ова списание со цел да го модернизира и направи атрактивно и прифатливо за младите.

Првиот број од новото списание излезе како дел од “Биди Зелен” проектот и беше главен дел од едукативната кампања при што се дистрибуираше бесплатно на средношколците во периодот од 25ти Мај до 10ти Јуни 2010. Истото беше одобрено со решение бр. 10-3042/4 од Министерството за образование на Република Македонија.

Биди Зелен тимот ја препознава вредноста на ова списание и затоа ја издвојува оваа активност како посебна иницијатива со цел да обезбеди одржливо функционирање на истото, како и да го направи неизбежна литература за младите луѓе кои ќе посакуваат да го имаат и читаат.

Новото списание ја добива додавката “Биди Зелен – Екологија и одржлив развој” и ја потенцира важноста на одржливо размислување, опфаќа пошироки теми од областа на климатски промени, глобалното затоплување, енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија.

Доколку сакате да добиете повеќе информации за овој проект, да напишете текст за некој од следните броеви или да придонесете на ваш начин, контактирајте нè на info@bidizelen.org.

Списанијата може да ги погледнете на страната Публикации.

Извештај за списанието од 2010 до 2013.