
Green is easy: Заедно правиме разлика!
Дали некогаш сте помислиле дека правењето секојдневни зелени промени може да биде лесно и достапно? Green is easy е тука да ви покаже како! Преку соработката на „Go Green“ (Македонија), „Hellenic Youth Participation“ (Грција) и „Las Niñas del Tul“ (Шпанија), оваа транснационална соработка од мал обем нè води кон поодржлив начин на живот и ја носи промената што ја бараме.Нашата цел е едноставна: Да покажеме колку може да биде достапна еколошката свест, давајќи им на организациите и на поединците алатки за да направат разлика – од мали зелени акции до поголеми иницијативи.
Преку програмата, сакаме да откриеме како малите зелени акции имаат големо влијание! Опремување на малите организации со знаење и алатки за усвојување на одржливи практики, а воедно и промовирање на учеството на сите за почиста иднина со активно европско граѓанство.
Исто така, и истакнување на леснотијата и достапноста на усвојување зелени практики локално и на пошироко европско ниво, промовирајќи одржливо и еколошко однесување.Зошто да го следите Green is Easy?Ние го правиме зеленото достапно и едноставно!
Покажуваме како еколошките практики можат да се вклучат во секојдневниот живот со помалку напор и повеќе уживање.Како можете да учествувате:* Слушнете ги нашите пет пријатни поткасти: „Што значи да се биде веган?“, „Одржлива vs брза мода“, „Правничкиот аспект“, „Рециклирање отпадно масло“ и „Зелени практики“.
* Прочитајте ги статиите што нè инспирираат да правиме позелени избори преку мали дневни чекори.* Прочитајте ја корисната брошура „Green is Easy“, полна со добри практики, идеи и активности.* Учествувајте во работилници и активности што развиваат нови дигитални вештини и ја зголемуваат еколошката свест.
* Придружете се на заедница подготвена за акција!Заедно, се инспирираме едни со други и градиме мрежа од луѓе кои сакаат да направат разлика! Да докажеме дека промената може да биде лесна и достапна за сите. Green is Easy е почетокот – вашето учество е следниот чекор!Green is easy беше кофинансиран од Европската унија и грчката Национална агенција „Фондација за млади и доживотно учење“.
Финансирано од Европската унија. Сепак, изразените ставови и мислења се само ставови на авторот/авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската унија или на Европската Извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив.
