
За проектот: „Boosting positive perception for the Just Transition processes among national youth“ има цел да ги зголеми свесноста, ангажманот и учеството на младите во климатските и праведните транзициски политики во Македонија, во соработка со Funding Fairer Futures од Climate Action Network Europe (CAN Europe), финансиран од Европската унија.
Датуми на проектот: 6-10 октомври 2025
Локација: Преспанско Езеро, Македонија
‼️Рок за аплицирање: 20 септември 2025 ‼️
Проектот се занимава со клучни прашања како што се:
- Ниското ниво на младински ангажман во праведна транзиција и климатска политика.
- Јазот помеѓу движењата за климатска и социјална правда.
- Потребата за зајакнување на маргинализираните заедници најпогодени од климатските промени.
Преку младински ангажман, застапување и соработка, проектот има цел да подигне свесност, да обучи млади лидери и да развие посилни врски помеѓу климатскиот и социјалниот активизам.
За Кампот за климатска правда:
Кампот за климатска правда ќе обучи 20 млади активисти од Македонија на Преспанското Езеро.
За време на кампот, учесниците ќе:
- Посетуваат работилници за климатска правда, застапување и грас-рут мобилизација на локално ниво.
- Учествуваат во теренски посети на заедници погодени од климатските промени.
- Се вклучат во сесии за раскажување приказни за засилување на маргинализираните гласови.
- Креираат локални акциски иницијативи што ќе се спроведат во нивните заедници.
По кампот, учесниците ќе бидат вклучени во вебинар и онлајн-дискусии за политики, за да се слушне гласот на младите да стигне до институциите и креаторите на политики.
Профил на учесници:
Бараме млади луѓе кои се:
- На возраст од 18 до 30 години.
- Ангажирани и мотивирани за лидерство и активизам во областа на климата, социјалната правда и човековите права.
- Подготвени да развиваат вештини во застапување политики, дигитални кампањи и мобилизација на заедници.
- Во можност да учествуваат на Воведниот ден во Скопје на 24.09.2025.
- Мотивирани да учествуваат на целиот камп и да придонесат во понатамошните активности.
- Отворени за соработка, нови искуства и градење врски.
Практични информации:
Сите трошоци поврзани со сместувањето, храната и патувањето ќе бидат покриени од организаторот. Дополнително, доколку си ученик/ка, ќе бидеш ослободен/а од училишните обврски.
АПЛИЦИРАЈ ТУКА! https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScNEsJe-8V8GIrIhJbGCWfD8m7MGj0qzTMQQk4JVZCRu3ZBsg/viewform?usp=header
