Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина – Гоу Грин Скопје отвора јавен повик за номинирање на претседател и членови на управен одбор. Гоу Грин ги повикува сите активисти, академици, граѓани кои сакаат да направат позитивна промена, да се пријават да бидат дел од главното раководството на еколошката младинска организација.

За да се пријавите за позицијата претседател или член на управен одбор, потребно е да го испратите Вашето CV заедно со мотивационо писмо на info@bidizelen.org и julijana@bidizelen.org до 10 февруари 2017 г. со назнака: „апликација за претседател“ или „апликација за член на управен одбор“.

Можете да ги преземете официјалните повици за раководните позиции на следните линкови:

–          ПРЕТСЕДАТЕЛ

–          ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН ОДБОР

Гоу Грин е еколошка младинска организација која инспирира млади луѓе да го развијат лидерскиот потенцијал во областа на заштита на животната средина и одржливото живеење. Гоу Грин има цел да развива и споделува вредности за одржлив развој и да овозможува едукација и пректични решенија за заштита на животната средина.