Опис на работни задачи за комуникациски експерт   

Контекст

Green Spirit Prespa е проект финансиран од Европската Унија а спроведуван од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „ГОУ ГРИН“- Скопје (носител на проектот) во партнерство со здруженијата „Духот на Преспа“, „Рурални жени од Преспа“ и „Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија“. Проектот се спроведува во периодот од 1 јуни 2024 до 30 ноември 2026 година на територијата на Преспа, Македонија. 

Општа цел на проектот Green Spirit Prespa е подобрен социо-економски развој заснован на одржлив еколошки туризам во регионот на Преспа кој генерира можности за зелени работни места за младите и жените. Проектот има три специфични цели: да се диверзифицира понудата за одржлив еко-туризам и со тоа да се генерираат зелени работни места; да се ​​промовира Преспа како четирисезонско туристичко место и да се зголеми интересот за дојдовен туризам во регионот; да го зајакне здружението Рурални жени од Преспа и да ги подобри капацитетите на здружението Духот на Преспа, а со тоа и да ги подобри иницијативите предводени од жените за културно и еколошки зачувување на Преспа.

Спроведувањето на проектот и проектните активности, вклучувајќи ги и процедурите за набавки во рамки на овој проект, мора да бидат во согласност со одредбите и правилата пропишани во потпишаниот договор за грант, правилата и процедурите на донаторот – Европската Унија, правилата и процедурите на носителот на проектот, како и националното законодавство во земјата во која се спроведува проектот.  

Со цел носителот на проектот да се осигура дека спроведувањето на овој проект е во согласност со процедурите, барањата и правилата на донаторот и националното законодавство, проектот објавува отворен повик за избор на правен експерт кој ќе обезбедува советодавна поддршка. Правниот експерт ќе биде координиран и надгледуван од проектниот менаџер.

Цел на работната задача

Целта на оваа работна задача е да се избере експерт за комуникации кој ќе обезбеди документација соодветна за подготовка и следење на комуникациските активности на проектните активности согласно проектната апликација, правилата за визибилитет на организацијат и правилата на донаторот.

Опис на работните задачи

Експертот ќе ги има следните задачи и одговорности: 

  • Да изработи комуникациска стратегија и план
  • Да изработи план за кризни комуникации 
  • Да изработи периодичен и финален комуникациски извештај (анализа на социјални медиуми, пресклипинг, архива на комуникациски производи)
  • Да спроведе работилница за партнерите на проектот за комуникации презентирајќи ги плановите
  • Да обезбедува поддршка при спроведување и документирање на други комуникациски активности  на спроведувањето на проектот. 

Времетраење на работниот ангажман 

Планирано е работниот ангажман да започне во декември 2024 и да трае до 30 ноември 2026. 

Потребни квалификации и искуство на кандидатите 

Комуникацискиот експерт треба да ги исполнува следниве услови: 

  • Завршено образование во областа комуникологија
  • Најмалку 4-годишно релевантно работно искуство во развој на комуникациски документи за граѓански организации и повеќегодишни проекти
  • Високо развиени аналитички вештини;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Апликантите мора да бидат независни и без било каков конфликт на интереси. Имајте предвид дека државните службеници и другиот персонал на јавната администрација не смеат да бидат ангажирани ако претходно не е добиено писмено одобрение од Договорниот орган. 

Постапка за аплицирање 

Апликацијата треба да содржи: 

  • Писмо за изразување интерес и достапност заедно со финансиска понуда
  • Финансиска понуда. 
  • Биографија (CV) во ЕУ формат. 

Краен рок за аплицирање беше до 29 ноември 2024 година, но истиот се продолжува до 06 декември 2024 година.

Апликациите треба да се достават на greenspiritprespa@gmail.com.

Изборот на експерти ќе се врши врз основа на дефинираните критериуми. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг во процесот на селекција може да бидат интервјуирани. Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и известени. Предност ќе им се даде на кандидати со комуникации во животна средина.