
1. Општи информации за проектот
“Green Spirit Prespa” е проект финансиран од Европската Унија согласно договор бр. IPA III/ 2024/455-736. Проектот се спроведува во периодот од 1 јуни 2024 до 30 ноември 2026 година, од страна на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go Green“ Скопје во партнерство со здруженијата „Spirit of Prespa“, „Рурални жени од Преспа“ и „Националната асоцијација за влезен туризам на Македонија“.
Овој проект има за цел промоција на еко-туристички практики, јакнење на локалната заедница и создавање зелени работни места за жени и млади. Преку развој на нови еко-туристички искуства, промоција на локалната култура и биодиверзитет, како и зајакнување на регионалната соработка, „Green Spirit Prespa“ ќе придонесе за социо-економскиот раст во регионот на Преспанското Езеро, истовремено зачувувајќи го неговото уникатно наследство.
Проектот содржи три компоненти:
- Диверзификација на еко-туристичката понуда – создавање на тури за биодиверзитет, одржлива гастрономија и астрономија, како и обука на туристички водичи.
- Промоција на одржливи практики – организирање на едукативни тури, конференции и изработка на водич за традиционална преспанска кујна, кој ќе ја претстави локалната гастрономска традиција.
- Поддршка на локалната заедница – зајакнување на локалните здруженија, промоција на сертифицирани локални производи и унапредување на одржливоста на „Spirit of Prespa“ со подобрување на условите за работа и соларни решенија за енергија.
2. Вовед
Во рамки на првата компонтента, Здружението Гоу Грин спроведува натпревар за брендирање на локални преспански производи. Имено, пет жени – локални производителки ќе сертифицираат производи за продажба. По сертификацијата, за да можат овие жени да имаат комплетен производ, проектот поддржува нивно брендирање и пакување. Оттаму, целта на овој натпревар е да ги поттикне младите од регионот на Преспа да се вклучат во иновативно брендирање и изработка на дизајн на 5 пакувања за сертифицирани локални производи. Оваа иницијатива има за цел поддршка на одржливото претприемништво, промоција на еколошки решенија и зголемување на пазарната привлечност на органските производи.
Производите за кои се бара креативно решение за брендирање во рамки на овој натпревар се:
- Путер од органски лешник – стаклена тегла (720ml) (види пример за паковање)
Путерот е произведен од органски лешници, што му дава природен вкус и висока хранлива вредност. Од автохтоно претворено во несекојдневно!
- Шумски мед од Сирхан – стаклена тегла (720ml) (види пример за паковање)
Пчелни семејства, одгледувани на реон Сирхан – Преспа. Медот е специфичен бидејќи медовата паша е од дрва, фоја, даб, багрем и бор од прекрасните падини на недопрената Галичица
- 100% природен сок од јаболко – bag in box (3L во картонска кутија) (види пример за паковање)
Нашиот сок од јаболко е 100% природен и здрав освежителен пијалак без додадена вода, шеќери или конзерванси и го носи вистинскиот вкус на внимателно одбрани свежи домашни јаболка во секоја голтка.
- Шумски мед – стаклена тегла (720ml) (види пример за паковање)
Шумскиот мед доаѓа од чистите пазуви на Галичица, што му дава уникатен вкус со богатство на ароми од планински цветови. Природен златен нектар кој ја носи магијата на шумски цветови во секоја капка вкус.
- Брашно од јаболка – хартиена зип амбалажа (100g) (види пример за паковање)
100% брашно од јаболка – Вкусетете јаболко во лажица! Оригиналниот рецепт произлегува од семејниот кувар на нашите предци и е еден вид продолжување на семејната традиција.
3. Критериуми за учество
Право на учество во натпреварот имаат:
– Млади лица на возраст од 15 до 35 години, кои се жители на регионот на Преспа во С. Македонија и кои сакаат да придонесат за развојот на Преспанскиот регион.
3.1 Потребна документација
За учество на овој натпревар, апликантот/ката треба да се пријави со доставување на:
- Писмо за изразување интерес каде младото лице ќе се претстави себе, мотивацијата за учество и концептот односното идејата зад креативното решение (максимум 600 збора)
- Креативно решение преставено со:
- Mockups (визуелизација) на секој производ во горенаведеното пакување со понуденото креативно решение, со минимум две различни перспективи – фронтална и аголна во PDF документ
- PNG верзија на дизајнот
- Работна верзија на дизајнот на пакувањето во .ai , .psd .или .fig документи
Еден апликант може да испрати неограничен број на решенија.
3.2. За апликациите кои ќе влезат во потесен круг (известени по мејл на 05/04/2025):
- Изјава за место на живеење и навршени години до датумот на овој повик (Анекс 1)
- Согласност од родител/старател (за учесници под 18 години) (Анекс 2)
- Потпишана согласност за користење на авторските права во случај креативното решение да освои прво место (во случај на малолетно лице, согласноста ја потпишува родител/старател) (Анекс 3)
4. Процес на селекција
Селекцијата ќе биде транспарентна и објективна, со ангажирање на комисија составена од експерти во различни области.
Секоја апликација ќе биде оценета според утврдените критериуми подолу.
Важно: По изборот, избраните кандидати ќе бидат контактирани за склучување договор.
5. Критериуми за оценка
Доставените решенија ќе бидат оценувани од проектниот конзорциум, графички дизајнер и жените производителки, според следните критериуми:
🔹Уредно доставени материјали – испратени се сите потребни документи согласно насоките во овој повик (20%)
🔹 Креативност и оригиналност – степенот на креативност, уникатност и иновативност во предложените идеи за брендирање на локалните производи. (30%)
🔹Релевантност за производот – усогласеност на брендирањето и дизајнот на пакувањето со проектот, регионот, вредностите и целната публика на сертифицираните локални производи. (25%)
🔹 Изводливост – можност за реализација на предложените решенија во рамките на производствените трошоци, достапноста на материјалите и регулаторните барања. (25%)
6. Награди и признанија
✔ Сертификати за учество – секој учесник/чка ќе добие дигитален сертификат за учество
✔ Финансиска награда – согласно освоените поени се доделуваат прво, второ и трето место за секој производ – односно, во рамки на овој повик се доделуваат 15 финансиски награди, и тоа:
- прво место 600 ЕУР
- второ 300 ЕУР
- и трето место од 100 ЕУР
Вкупниот фонд за сите 15 награди е 5.000 ЕУР.
Важно: Еден апликант може да добие само една награда по производ. Во случај на освоени поени за повеќе места по производ, се доделува поголемата награда, а следното место се отстапува на друг апликант.
7. Временска рамка
- Објава на повикот: 13.03.2025
- Прашања : до 20.03.2025
- Одговори на прашања: 21.03.2025
- Краен рок за поднесување: 31.03.2025, до – 23:59 ч
- Евалуација на поднесоците: 01.04.2025 – 10.04.2025
- Објава на победниците: 11.04.2025
8. Начин на аплицирање
Апликациите треба да се испратат во еден мејл на greenspiritprespa@gmail.com и info@bidizelen.org со наслов „Пријава за натпреварот – Брендирање на локални преспански производи“, односно:
To: greenspiritprespa@gmail.com, info@bidizelen.org
Subject: „Пријава за натпреварот – Брендирање на локални преспански производи“.
За дополнителни информации, контактирајте нè на: info@bidizelen.org или greenspiritprespa@gmail.com до 20.3.2025. Одговорите на истите ќе бидат објавени на 23.3.2025.
Важно: Линкови од online clouds како onedrive, google drive и слично, нема да бидат прифатени. Во случај на „потежок“ мејл, документните може да се испратат преку сервис за трансфер како wetransfer и сл.
Важно: Прашања кои ќе бидат пристигнати по рокот зададен горе, нема да бидат разгледани и/или одговорени.
