Во рамките на проектот „Училишта на сончева енергија“ се отвара конкурс за дизајн на лого. Логото ќе се користи низ текот на кампањата и ќе биде дел од сите промотивни материјали за истата.

Општа цел на проектот е да создаде мрежа на средношколци кои активно учат и вршат јавен притисок врз надлежните институции за поголема застапенoст на сончевата енергија и образованието за климатските промени. Повеќе информации за проектот може да прочитате на следиов линк.

Конкурсот ќе трае од 20.01 до 01.02.2020 година и право на учество имаат сите членови од Биди Зелен мрежата.

Победникот ќе се избере преку три процеси на гласање:

  • избор на комисија (составена од членовите од извршната канцеларија на Гоу Грун и ќе изнесува 30%);
  • избор на членство (преку гласање со лајкови во фб групата – Мрежа на Биди Зелен Клубови и ќе изнесува 40%);
  • избор на јавноста (преку реакции на сторињата од страна на следачите на инстаграмот на Биди Зелен, со 30%).

Избраниот дизајн како и победникот ќе бидат објавени на 05.02 (среда) и за победникот ќе следува вредна награда две влезници за Д – фестивал и две влезници за Здраво Млади.

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани треба да ги испратат своите дизајни на gogreen@bidizelen.org најдоцна до 01.02.2020, 23:55 часот.

Овој проект е финансиран од Европската Унија, програмата за доделување грантови на проектот „Да зборуваме за климатски промени“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Гоу Грин Скопје, односно Еко свест во партнерство со ДЕМ и CNVP.