Октомври 2020 -Март 2021

Проектот има за цел да ги едуцира младите за климатска дипломатија, да креираат младински барања за климатски промени и да ја развие свеста во земјата за важноста од амбициозни цели за Конференцијата за климатски промени на ООН (COP26). Преку обуката за климатска дипломатија, кампања за климатските промени, како и симулацијата на Конференцијата, младите луѓе како и пошироката јавност ќе се запознаат со преговарачките процеси за климатски промени, начинот на доствување младински барања, важноста од националните придонеси и самата Конференција што ќе се одржи во ноември 2021 во Глазгов, Шкотска.

Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје