
Во рамки на проектот “Училишта на сончева енергија“ започнува истоимената кампања со цел да ги едуцира и мобилизира првенствено средношколците, а потоа и пошироката јавност.
Кампањата ќе опфати потпишување петиција од средношколци и организирање повеќе движења на социјалните медиуми. Со кампањата ќе се создаде мрежа и критична маса на средношколци кои ќе вршат јавен притисок врз институциите за поголема застапеност на обрзаование за климатски промени и одржлив развој во наставните програми.
Прва активност во рамки на кампањата е онлајн изложба на која имаат право да учествуваат средношколци од сите средни училишта во државата. Во наредниот период, односно од денес 25.03-14.04.2020 се објавува
КОНКУРС за онлајн изложба – Quarantine creativity
Повеќе детали околу конкурсот и како може да учествувате на истиот може да најдете на следниот линк.
Tемите кои ќе ги опфати онлајн изложбата се : училишта на сончева енергија, загадување, екологија, сонце (#фатигозракот).
Избраните дела од конкурсот ќе бидат поставени на нашата официјална Facebook страна од 15.04-21.04.2020, трите дела кои ќе соберат најмногу лајкови ќе бидат и наградени.
Да бидеме свесни за нашата планета Земја и преку мали чекори да придонесеме за намалување на емисијата на CO2.
