Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Млади амбасадори за климатски промени“ објавува повик за изработка на видео за промоција на СОР26.

  • Опис на услугата – изработка на анимирано видео

За потребите на проектот Млади амбасадори за климатски промени треба да се изработи видео за промоција на Конференцијата на Обединети нации за Климатски промени (СОР26).

Избраниот понудувач ќе треба да изработи видео за промоција на СОР26. Видеото треба да се користи за претставување на концептот на Конференцијата на ООН за климатски промени, како и важноста на СОР26 во Глазгов, Шкотска. Во видеото ќе има двајца говорници.

Избраниот понудувач треба да обезбеди изработка на видеото во соодветна форма за  споделување на социјалните мрежи на македонски и албански јазик, пост продукција и промоција на видеото.

Ангажманот ќе се реализира во соработка со проектниот тим, кој ќе учествува во процесот на креирање, ќе ги обезбеди потребните материјали и ќе ја одобри финалната верзија на видеото

Процедура за аплицирање

– Портфолио

– Финансиски предлог 

Рок за пријавување 

Рокот за пријавување е најдоцна до 5ти февруари 2021 до 16 часот на следната емаил адреса: vafire@bidizelen.org, на истата може да поставите и дополнителни прашања со назнака Апликација за изработка на видео.