Во рамки на проектот Collaborative Economy without Barriers – CEB изработен е сет на алатки за
работа со млади со попреченост.
Како дел од елементот колаборативно учење, при мобилноста во Палермо, Италија развиени
беа алатки за работа со индивидуи со попреченост. Алатките за работа со младите со
попреченост може да се најдат тука .

Суштината на проектот е зајакнување на способностите и вештините на младите со попреченост да бидат дел од економските процеси во нивните земји. Collaborative Economy without
Barriers – CEB цели кон намулување на бариерите за: Колаборативна потрошувачка (Добивање
пристап до стоки или услуги преку размена на добра и стоки, изнајмување, заем, тргување,
лизинг, размена, препродажба и замена – преку организација на настани или запишување во
постојни платформи), колаборативно производство (Групи или мрежи на лица соработуваат за
дизајнирање, производство или дистрибуирање на добра – преку локални и транснационални
активности во партнерските организации), колаборативно учење (искуства за учење кои се
отворени за секого и каде луѓето споделуваат ресурси и знаење да учат заедно – како виртуелна
мобилност и споделување на научени компетенции и уметничка работилница по секоја
интернационлана мобилност со целата група учесници во проектот), Колаборативно
финансирање (откривање на можности за финансирање, на пример).