Од 21-24 јули се одржа Стратешкото планирање на Гоу Грин за периодот 2020-2023. Во текот на четирите дена, се работеше на креирање на визија 2030, стратешки приоритети и органограм на организацијата.

ВИЗИЈА GO GREEN 2030
Гоу Грин е меѓународна, младинска, еколошка организација која овозможува образование за климатски промени и презема акција за нивно ублажување и прилагодување.
Овозможуваме систем на поддршка за млади и ранливи групи и се грижиме за нивната благосостојба во процесот на социо-еколошката трансформација на заедниците.

Стратешки приоритети на организацијата 2020-2023:

  1. Младински еко-активизам
  2. Образование за климатски промени и одржлив развој
  3. Социјална инклузија за зелена економија

Визијата како и стратешките приоритети ја одредуваат насоката на работење на организацијата во наредните 3 години, период во кој особено ќе се истакне потребата за градење капацитети кај младите, еколошко освестување, поддршка и инклузија на ранливите групи во градење на зелена економија.

Овој состанок го овозможи фондацијата Хајнрих Бол преку финансиска поддршка на проектот „Млади за образование за климатски промени и квалитет на воздух”

Напишете коментар