Младинската еколошка организација Гоу Грин распишува конкурс за најдобар есеј на тема
 

„Одржлив транспорт-составен дел од транзицијата кон чиста енергетска иднина во Македонија“.


Крајниот рок за испраќање на есејот е 13 Јуни (сабота), 16:00 часот на:

info@bidizelen.org·         

  • Право на учество имаат сите млади луѓе од 16 до 24 годишна возраст
  • Есејот треба да биде напишан во Microsoft Word на македонски јазик и да содржи од 350 до 500 зборови

ОКТА ќе се погрижи за победникот на конкурсот, на кој ќе му биде доделен ВЕЛОСИПЕД на Саемот за чиста енергија кој ќе се одржи на 16ти и 17ти јуни во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Целта на овој конкурс е да се стимулираат младите на иновативност во рамките на одржливиот развој и чистата енергија. Секоја година сме сведоци на енормното загадување во Р. Македонија предизвикано воглавном од производството на енергија од фосилни горива и сообраќајот. Потенцијалот на нашите простори за добивање на енергија од обновливите извори на енергија (сонце, ветер, вода, почва), како и одржливата инфраструктура за велосипдизам остануваат и понатаму неискористени.

Ве охрабруваме да ги изразите вашите знаења, идеи и решенија за како одржливиот транспорт да стане реалност во Македонија.