3 милиони работни места треба да се отворат во енергетскиот сектор на обновливи ресурси до 2020 година – пишува во документот од Европската комисија за зелена економија. Енергетската трансформација од фосилни кон обновливи извори на енергија создава потреба за нова генерација на едуцирани кадри и претставува одлична можност за нови бизниси отворање на работни места.

Еколошките невладини организации Гоу Грин Скопје и ФРОНТ 21/42 изготвија публикација на тема “Ниско јаглеродна економија – висок бизнис потенцијал” која беше поддржана од Фондацијата Конрад Аденауер Штифтунг. Публикацијата беше промовирана на 31 октомври (четврток) во рамки на овогодинешната “Европска недела на мали и средни претпријатија” со отворена дискусија на тема “Младите, претприемништвото и обновливите извори на енергија”.  

 Главните препораки и заклучоци кои произлегоа се:

  • Наставната програма да се ревидира од аспект на информации и знаење кое го нуди за обновливата енергија
  • Да се искористат ткн. Денови на кариера и да се организира штанд за промоција како заедничка соработка на сите факултети кои нудат вакви студии и невладините организации кои работат на оваа тема.
  • Компаниите да почнат со (дури и скромна) програма за стипендирање на млади луѓе кои сакаат да се образуваат на оваа тема, како и програма за пракса на студентите кои веќе студираат или само што завршиле.
  • Да се засили поддршката за кампањи на невладиниот сектор во соработка со медиумите, за тоа да биде на начин кој ќе биде атрактивен и близок за младите
  • Акциите на Министерството за економија за делумно субвенционирање на сончеви колектори да продолжи и зголеми
Целосната публикација е издадена на македонски, албански и англиски и може да ја преземете тука.