На 05.11 и 15.11.2013 година, во Салата на Советот на Град Скопје и  во салата за состаноци на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржаа информативно-едукативни состаноци во врска со воспоставувањето на систем за управување со отпадни батерии.

Овие информативно-едукативни состаноци беа организирани од страна на „Гоу Грин Скопје" во рамки проектот „ГОУ КЛИН", на кој учествуваа и претставници од МЖСПП и претставници на колективниот постапувач за отпадни батерии и одговорната фирма за собирање на отпадните батерии „Нула отпад ДОО”.

Состаноците имаа за цел да ги информираат претставниците на градската администрација, јавните претпријатија, културните институции, средните училишта во надлежност на Градот Скопје и министерствата на Република Македонија за штетноста од отпадните батерии, како и нивните обврски кои произлегуваат согласно со Законот за управување со батерии и отпадни батерии.

Покрај обуката, на претставниците на јавни претпријатија, културни институции, средните училишта под надлежност на Градот Скопје и министерствата им беа доделени специјални садови (контејнери) за фрлање на отпадни батерии.

Проектот „ГОУ КЛИН" финансиски е поддржан од Град Скопје и Минстерството за животна средина и просторно планирање.