На 28ми февруари, во средното училиште „Јосип Броз Тито“ се оддржа обука за млади репортери како дел од проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“. На обуката присуствуваа 27 ученици од средните училишта на град Скопје кои се едуцираа за пишување новински текстови, интервјуирање, спроведување релевантно истражување и подготовка на анкета.

Целта на обуката беше младите да се вклучат во изработка на анкетата и спроведувањето на истражувањето на јавното мислење за информираноста и важноста на Самитот за климатски промени што ќе се одджи во Париз оваа година и секојдневните транспортни навики кои директно влијаат на климатските проемени. Младите исто така ќе пишуват новински текстови на овие теми кои ќе се објавуваат во списанието „Биди Зелен – Екологија и одржлив развој“, нашата веб страна и интернет порталите.



Како предавачи на настанот учествуваа: Марко Соколовски – Претседател на Гоу Грин, кој во воведната сесија го претстави целиот проект, начинот на вклучување на младите и важноста на Самитот за климатски промени – КОП21 во Париз, Александар Пешев – Уредник во 24 Вести, кој детално им презентираше на младите како да срочат новински текстови и на кој начина да го привлечат вниманието на медиумите и читателите со веста и Филип Димкоски – Соработник во Нова Македонија, чие предавање се состоеше од како младите да изработат анкети и да спроведат квалитетно истражување на јавното мслење.



Резултатите од истражувањето спроведено од младите ќе бидат земени предвид во следните активности на проектот. Во крајот на месец Март ќе се оддржи панел дискусија со парламентарци со цел градење концензус за документот кој ќе ја претставува Македонија на самитот во Париз и младинска конференција на која ќе бидат презентирани резултатите.  Во Април ќе бидат поставени велосипедски паркинзи во три средни училишта во град Скопје, а во Мај ќе започне натпреварот „Велосипедист на месецот“ во средните училишта. Преку овој натпревар ги стимулираме средношколците и наставниците да го користат велосипедот како основно превозно средство до училиштето. Натпреварувачот кој најмногу пати ќе дојде со велосипед во училиште ќе биде награден на крајот на натпреварот. Паралелно со натпреварот младите ќе организираат промотивна кампања на социјалните медиуми изразена преку видео и фотографија со цел информирање на граѓаните за мерките за ублажување на климатските промени и подигнување на свеста за користење на велосипед . Во Јуни ќе се оддржи втората младинска конференција по повод „Денот на планетата Земја“ и Саемот за чиста енергија каде што младите ќе се информираат за академските можности и можностите за вработување во секторот на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.



Проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“ е поддржан од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија.