Средношколците, членови на Биди Зелен Клубовите од Скопје, Куманово и Прилеп, имаа можност
на 21ви и 22ри февруари, како дел од проектот „Сакаме соларна енергија “, да се едуцираат на
тема климатски промени, односно како се врши и што претставува анализа на јаглероден учинок.
Првиот ден на работилницата учесниците се запознаа со резултатите од анализата од своите
училишта, односно : колку електрична енерија тие трошат, дали имаат изолација, кои се главните
енергенси и слично. По разгледување на резултатите преку дискусија произлегоа две барања на
средношколците: образование за климатски промени и соларна енергија како главен енергенс на
своите училишта.

Додека пак вториот ден на работилницата се одвиваше детално планирање на активности кои ќе
се случуваат како дел од кампањата која ќе трае десет недели почнувајќи од први март, се до
десети мај. Активностите ќе се случуваат паралелно во 5 градови – Скопје, Битола, Кичево, Прилеп
и Куманово. За повеќе информации околку активностите и самиот проект, следете нè на нашите
социјални медиуми.

Проектот е финансиран во рамки на Проектот за младинско изразување финансиран од
Европската Унија, а спроведуван од МОФ, Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска
соработка – ЉОЈА.