Како дел од проектот „Училишта на сончева енергија“, учениците од средните училишта, партнери
во проектот, присуствуваа на работилница на 21 и 22 февруари со цел запознавање и зближување до темата
климатски промени, како и анализата на CO2 footprint.

Една од активностите беше разгледување на резултатите од анализата на јаглероден учинок на
училиштата. Едногласно, учениците одлучија дека е потребно да се воведе образование за
климатски промени, како и училиштата да мигрираат кон употреба на сончевата енергија како
главен енергенс. За да се остварат барањата, потребно е тие да апелираат до пошироката јавност
и институциите, па за таа цел изработија кампања и детални активности кои ќе се случуваат вонивните градови.

За повеќе информации околку активностите и самиот проект, следете нè на нашите социјални
медиуми.

Проектот е финансиран во рамки на проектот „Да зборуваме за климатските промени“
спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ, а финансиран од Европската унија.