Студентите, универзитетите и компаниите на едно место

   ,,3 милиони работни места ќе се отворат во секторот за обновлива енергија до 2020 година” – вели документот на Европската комисија за зелена економија. Промената од општества кои користат фосилни горива во општества кои користат обновлива енергија, создава потреба за нова генерација на таленти за енергија кои успешно ќе го забрзаат процесот. Тоа, исто така претставува одлична можност за нови бизнис можности и вработувања. 
   Здружението на граѓани Гоу Грин, со партнерите Сојузот на Извидници и AIESEC Скопје, го организира Саемот на чиста енергија што ќе се оддржи на 25ти и 26ти јуни како дел од ЕУ неделата за одржлива енергија, кој се одржува од 23-27 јуни 2014 година во ЕУ Инфо центарот во Скопје. 
   Целта на саемот е да се поврзат младите луѓе со компании кои работат во областа на обновливите извори на енергија и универзитети кои нудат студии од истата област. Саемот ќе претставува средба на побарувачката (студентите) и понудата (универзитети и компании) на пазарот на трудот за "чиста енергија". 
   Примарната целна група на саемот се млади луѓе, на возраст 16-24 како и компании и универзитети од Македонија, Франција и Германија, кои обезбедуваат академски и професионални можности во областа на обновлива енергија.


   Програмата се состои од 3 блокови.

Блок 1: Учење и истражување
Блок 2: Презентации и дискусија
Блок 3: Саем и вмрежување

   Целта на блок 1, учење и истражување, е да ги подготви студентите и да ги одговори прашања "Што да учат и зошто", "како до вистинската работа" и"што да се бара во работата", и др. Блок 1 ќе се состои од работилници и сесии за лична евалуација.
   Целта на блок 2, презентации и дискуија, е да се подигне свеста кај младите за нивните можности. Се состои од презентации за можностите за развој од страна на компаниите и универзитетите (стипендии, практиканти, датуми за запишување, критериуми и слично)
   Целта на блок 3 е да се создаде простор за создавање контакти и неформални дискусии. Се состои од инфо-штандовите на универзитетите и компаниите отворени за  млади луѓе заинтересирани за студии и вработување.

 Учеството на овој настан е бесплатено.

Пополнете ја апликацијата за учество на Саемот за чиста енергија на следниот линк – https://docs.google.com/forms/d/1a6Vpd3nHW2lxt6Ia0I_o-31245rwiXiw1nWPplWRqpE/viewform
 
Програмата можете да ја погледнете на фејсбук настанот – https://www.facebook.com/events/279886685517551/

Саемот за чиста енергија е дел од проектот “Млади за пониски емисии на ЦО2”, поддржан од Француската Амбасада во Скопје, Конрад Аденауер Штифтунг и Цементарница Усје.