Општа цел на проектот е промоција и подигнување на свеста кај младите и клучните институции за зелените работни места кои произлегуваат од мерките за адаптација и намалување на климатските промени, во енергетскиот сектор.

Конкретни цели:
1. Едукација и вклучување на младите во спроведување на кампања за развој на свеста за целите за одржливиот развој, со посебен фокус на ЦОР7 (Обновливи извори на енергија и енергетска ефикаснот), ЦОР8 (Пристојни работни места и економски раст) и ЦОР13 (Климатска акција);
2. Развивање на тимската работа и интер-дисциплинарниот пристап кај учениците;
3. Вклучување на клучните институции од јавен и приватен сектор и јавен притисок за целите за одржлив развој и искористување на потенцијалот на зелените работни места во енергетскиот сектор;

Активности:

  • Обука за целите за одржлив развој
  • Кампања „Младите за одржлив развој“
    • Инфо-состаноци за ЦОР во училиштата
    • Радио емисии
  • Публикација „Зелени работни места за млади во услови на климатски промени и енергетска транзиција
  • Конференција „Младите за одржлив развој“

Партнери

  • СУГС Раде Јовчевски-Корчагин
  • СЕПУГС Васил Антевски -Дрен
  • АУСЦ Боро Петрушевски

Проектот е поддржан од Регионалниот центар за животна средина, во рамки на програмата СЕЕДЛИНГ – Претставување на целите на ОН за одржлив развој во училишта во Југоисточна Европа