Младинската еколошка организација Go Green – Биди Зелен во соработка со Ски Центар Маврово организираше акција за чистење во Национален Парк Маврово.

 

Иако паркот има бројни убавини, посетителите постојано ги уништуваат контејнерите за отпад и на тој начин не ја одржувааат природата чиста.

 

Целта на оваа акција беше Маврово да се исчисти од отпад за да може да се  ужива во зеленото Маврово.

 

Во самата акција учествуваа вкупно 148 учесници. Листата на учесници варираше од најмлади до најстари и се собра повеќе од 400 ќеси за ѓубре. Акцијата се одвиваше на 7 локации кои пред акцијата беа мапирани како места со најмногу отпад.

 

Најголемиот дел од отпадот беше пластични шишиња и ќеси. Проблемот со кој се соочуваа некои од учесниците беше дека на некои места поради самата природа, отпадот не беше лесно достапен и честопати заглавен помеѓу дрвјата. Голем дел од отпадот беше стар, можеби дури и неколку децении.

 

По акциите за чистење, сите учесници добија бесплатна дневна ски карта за успешна акција.

 

Акцијата за чистење „Со љубов за позелено Маврово“ се одржа во рамките на Европската недела за намалување на отпадот (18 до 26 ноември), по чиј повод во сите европски земји се одржаа голем број акции за намалување на отпадот.

Гоу Грин одржа три други настани за да ја обележи оваа недела: Јавна дебата “Дали избираме отпад во нашите домови?”, панел дискусија “Од нафта до енергија – можности и предизвици” и акција за употреба на платнени торби наместо пластични ќеси на Зелениот пазар и пазарот Буњаковец во Скопје.

 

Акцијата беше поддржана од “Програмата за зголемување на вработливоста на пазарот на Свис Контакт”. Настанот го поддржаа Општина Маврово и Ростуше, Националниот парк Маврово, Хотел Бистра и Некар Турс.