На 28ми февруари, во средното училиште „Јосип Броз Тито“ се оддржа обука за млади репортери како дел од проектот „Младите за пониски емисии на ЦО2“. На обуката присуствуваа 27 ученици од средните училишта на град Скопје кои се едуцираа за пишување новински текстови, интервјуирање, спроведување релевантно истражување и подготовка на анкета.
3 милиони работни места во секторот на обновливи извори на енергија до 2020
„Енергентската транзиција создава потреба од нови 3 милиони работни места во секторот на обновливи извори на енергија до 2020 година“- вели документот за зелена економија од Европската комисија.
Скопје е презагадено со години
Македонија има најзагаден воздух во Европа, ова го потенцираше Светска банка во најновиот извештај за зелен раст во Македонија. Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките.
Младите клучни за промена! Со кампањата Гоу Клин се собрани 835 КГ батерии во рок од 6 месеци
На 29 Јануари, во Домот на Културата “Кочо Рацин”, се одржа прес конференција на која се Заменикот Министер, Стево Темелковски, Н.Е. Норвешкиот Амбасаадор, Нилс Рагнар Камсваг, и Антонио Јовановски, од НВО Гоу Грин. ги презентираа резултатите од проектот за отпадни батерии Гоу Клин и се најавија обврските кои произлегуваат од Законот за електричен и електронски […]
Македонија ја одбележува Европската недела за помалку отпад
Со рециклирање отпад ќе се отворат нови работни места и ќе се намали побарувачката за скапи и ограничени ресурси
Учествувај во младински натпревар за најдобра фотографија
Гоу Грин распишува конкурс за најдобра фотографија на тема ,,отпад – проблем или можност”.
10.000 батерии се собраа на музичкиот настан организиран од Гоу Грин
На 24 Октомври во клубот Хавана, Гоу Грин организираше музичко-едукативен настан наречен ,,Празнење Батерии”. Настанот го посетија над 2.500 млади луѓе, а се собраа 8870 отпадни батерии, 208 мобилни телефони, 12 батерии од лаптоп, 4 батерии од фотоапарат и 30 мали акумулатори од алармни уреди.
Т-мобиле и Гоу Грин овозможуваат систем за управување со отпадни батерии за 350.000 граѓани
Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија станаа партнери на проектот Гоу Клин кој вклучува 7 општини и 78 училишта и е во имплементација на младинската еколошка организација Гоу Грин.
Безбедноста, практичноста и растојанието до крајната дестинација се најважните фактори за младите да користат велосипед
Во период од 24 септември до 16 октомври се спроведе анкета за оцена на мислењето кај младите во врска со велосипедската култура и инфраструктура.
Најава на музичко едукативен настан – Празнење Батерии
{youtube}vc-isycMpwA{/youtube}
