Колку пати сме слушнале дека цементарница УСЈЕ не’ загадува, гори гуми, работи и во вечерни часови и што сеуште не. На 07.06 (четврток) ќе имаме можност да се увериме дали е тоа така!

Гоу Грин организира посета за сите загрижени граѓани, експерти, претсавници од невладини организации и целата јавност да направи увид во работењето на УСЈЕ и да ги постави сите прашања кон претставниците од УСЈЕ и присутните.

Сите заинтересирани може да го пополнат краткиот формулар (линк) и да дојдат на овој „отворен ден“ во цементарницата.

Програмата за „отворениот ден“ изгледа вака:

09:30 – 10:00 Регистрација и кафе

10:00 – 10:05 Официјално добредојде – Борис Хрисафов, извршен директор, Цементарница УСЈЕ

10:05 – 10:20 ЕУ директива за индустриски емисии – Антонио Јовановски, Гоу Грин (10 минути)

10:20 – 10:35 Технологии за чисто производство – Атанас Кочов, Институт за чисто произвоство

10:35 – 10:50 Работењето на УСЈЕ – Наташа Бакреска Кормушоска, менаџер за животна средина, Цементарница УСЈЕ

10:50 – 11:30 Прашања и одговори од присутните  – отворена дискусија

11:30 – 12:00 Закуска и освежување

12:00 – 13:00 Подготовка за посета на фабрика и посета низ производствените погони