„Youth Talks 2030” e настан од едукативно-забавен карактер кој ќе биде исполнет со инспирација, музика, позитивна енергија и забава. Младите, Александра Трпеска (Majestic) и Стефан Рашковиќ (Steffonator) ќе го водат настанот на кој 10 млади инспиративни луѓе ќе ја искомуницираат својата визија за општеството во 2030 година. Најдобрите говори ќе однесат двајца млади луѓе на десетдневен меѓународен семинар во Луксембург ова лето. За кои ќе бидат тие двајца ќе одлучиш ти!

За музичката програма ќе се погрижат, Parry Hotter, DJ Irie Scratch и бендот Beta House.

Youth Talks 2030 програма:

15:00 – 15:45 – Регистрација (Parry Hotter)

15:45 – 16:15 – Отворање на настанот (поздравни говори)

16:15 – 16:30 – Вовед во Youth Talks 2030 (Steffonator и Majestic)

16:30 – 17:30 – Излагања на говорници (средношколци) и дискусија со говорниците

17:30 – 18:00 – Пауза (Parry Hotter)

18:00 – 19:00 – Излагања на говорници (студенти) и дискусија со говорниците

19:00 – 19:15 – Затворање и визија 2030

19:15 – 20:00 – Гласање и пребројување гласови (DJ Irie Scratch)

20:00 – 20:10 – Најава на победници

20:10 – Бенд „Beta House“ и DJ Irie Scratch

Резервирај си го своето место на #YouthTalks2030 и биди дел од создавањето на визијата за 2030 година. Секој регистриран и присутен член во публиката, покрај тоа што ќе може да гласа за најдобрите говори, ќе имаат можност да станат дел од мрежата на млади кои сакаат позитивна еколошка промена и ќе бидат вклучени во идни активности на здружението „Биди Зелен“.

Влез за настанот се три празни батерии или мал нефункционален електронски апарат (мобилен, тастатура, фен и слично).

Настанот е инспириран од “Целите за одржлив развој за 2030 година” на Обединетите нации за кои може повеќе да прочитате на следниот линк.

 

За повеќе информации следете не на www.bidizelen.org

Фејсбук страна: Go Green – Биди Зелен

Инстаграм: Cvetko Bidi Zelen.

YouTube канал: Go Green Macedonia