Гоу Грин – Скопје заедно со Сојузот на извидници на Македонија оддржа дводневен тим билдинг на 12ти и 13ти декември во планинарскиот дом на извидничкиот одред Јадран во село Брезица, Катлановско.

Во текот на двата дена, организациите се запознаа подобро презентирајќи ги своите мисија, визија, цели, стратешки области, структура и начин на функционирање. Преку низа на активности како работилница за понатамошна заедничка соработка, комуникациски вежби и тимски игри, двете стани ги пронајдоа заедничките полиња на интерес и потенцијални видови на соработка.

По споделувањето на стратешките планови и нацрт плановите и проекти за наредната за 2019, организациите ги идентификуваа точките на заедничка соработка и креирање синергија во областа на младински активизам, неформално образование, одржливиот развој и заштита на животната средина.  

 

ScoutsLogo
Лого на Извидници Web page scouts: http://scout.org.mk
Лого на Гоу Грин