GoGreen_Sobranie

Според член 13 став 4 од Статутот на Здружението на граѓаните за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје, ве покануваме да земете учество на редовното годишно собрание на Гоу Грин кое ќе се одржи во сабота на 22 декември 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во свечената сала во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин – Скопје“.

На Собранието ќе се дискутира по следниот ПРЕДЛОГ дневен ред

– Избор на претседавач и работни тела на Собранието

  1. Усвојување на записникот од Собранието на Гоу Грин, одржано на 9 септември 2017 година.
  2. Преглед и извештај за работата на Гоу Грин за 2017 година
  3. Преглед и извештај за работата на Гоу Грин за 2018 година
  4. Извештај на Претседателот и Извршниот директор на Гоу Грин– тековна состојба, проекти, трошоци за управување со организацијата и активностите
  5. Избор на членови на Управен одбор на Гоу Грин за период 2018-2020 година
  6. Предлог годишен план на Гоу Грин за 2019 година
  7. Менување на дејност на здружението согласно стратешките приоритети
  8. Усвојување на етички кодекс
  9. Разно

Според став 5 од горенаведениот член, сите членови на Гоу Грин можат да предложат нови точки за дискусија на Собранието, но не подоцна од сабота, 15ти декември 2018 година.

Собранието го сочинуваат сите полноправни членови кои имаат право на еден глас. Полноправни членови се оние со наполнети 18 години и платена членарина. Придружни членови се дел од собранието, но без право на глас, и тие можат да предложуваат амандмани доколку се поддржани од двајца полноправни членови.

Доколку ја немате подмирено членарината за 2018 година, Ве молиме контактирајте ја Мила Тодосова на milatodosova@bidizelen.org за навремено регистрирање како делегат на собранието со право на глас.

По повод годишното собрание, здружението за одржлив развој и заштита на животната средина – Гоу Грин Скопје отвора јавен повик за номинирање на членови на управен одбор. Според статутот на здружението управниот одбор ги има следните права и обрвски:

УПРАВЕН ОДБОР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 15

Управниот одбор е колегијален управувачки орган на здружението. Собранието ги избира членовите на Управниот одбор на својата конститутивна седница. Управниот одбор го сочинуваат минимум три члена. Странски лица имаат право да бидат дел од Управен одбор. Мандатот трае две години, со право на повторен избор.

Член 16

Управниот одбор ги има следните права и одговорности:

  • Ги подготвува седниците на Собранието,
  • Подготвува предлози на сите акти што треба да ги усвои Собранието,
  • Ги спроведува одлуките и заклучоците донесени на Собранието,
  • Подготвува програма за работа, годишен финансиски извештај и други извештаи за потреби на Собранието,
  • Утврдува предлог финансиски план и завршна сметка на Здружението,
  • Именува Извршен директор,
  • Во координација со извршниот директор донесува одлука за тим лидери и програмски координатори,
  • Одлучува за организирање собири, семинари и други активности на здружението,
  • По исклучок усвојува измени на Статутот кои мора да бидат верифицирани на вонредно Собрание или најдоцна на првото редовно годишно собрание на здружението,
  • Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието,
  • Донесува одлуки за награди, пофалници и признанија,
  • Контрола врз работењето на Управниот одбор врши Собранието преку формираните комисии и тела за таа намена или на годишните собранија,
  • Седниците на управниот одбор можат да бидат свикани од секој член на управниот одбор,
  • Со седниците на управниот одбор раководи претседателот или друг член на управниот одбор доколку така биде одредено,
  • Одржува седница најмалку еднаш во три месеци,
  • Управниот одбор може полноправно да одлучува доколку се присутни 2/3 од вкупниот број на членови,
  • Одлуките на Управниот одбор се усвојуваат со 2/3 гласови од присутните на состанокот,
  • Во случај на неможност за физичко присуство на некои од членовите, седниците можат да се одвиваат на интернет конференциска врска,
  • За секоја седница на Управниот одбор се води записник, од записничар определен од ова тело,
  • Управува и одговара за управување со имотот и средствата за работа на здружението,
  • Управниот одбор е одговорен пред Собранието за сето она што му е дадено во надлежност со Статутот и со другите акти на здружението;

За да се пријавите за член на управен одбор, потребно е да го испратите Вашето CV заедно со мотивациско писмо на info@bidizelen.org и antonio@bidizelen.org најдоцна до 18 декември 2018 г.

За кандидатите е задолжително да присуствуваат (физички или интернет конференциска врска) на собранието закажано за 22 декември 2018 годинa.

За сите прашања и сугестии слободно испратете ни електронска порака на antonio@bidizelen.org, и blagica@bidizelen.org