На 27/10 во Свечената сала во средното училиште “Раде Јовчевски Корчагин” се одржа настанот Средношколска Демократија организиран од Здружението Гоу Грин – Скопје.

На конференцијата присуствуваа средношколци од 7 различни училишта кои поткренаа иницијатива за формирање на Биди Зелен Клубови во нивните училишта. Поради таа цел, настанот беше замислен како младинско собрание каде што младите ја воспоставија мрежата на Биди Зелен Клубови на територија на Град Скопје и Ресен.

На младинското собрание, средношколците учествуваа во седници каде што дискутираа за, против и го даваа својот глас за темите кои беа поставени на дневниот ред.  Работите кои беа изгласани вклучуваа: Правилник или документот според кој овие Биди Зелен Клубови ќе функционираат, амандмани за промени во истиот, премин од иницијативна група во Биди Зелен Клуб во секое училишта откако секој тим го претстави својот план за работа и целите поради кои Клубот би постоел и документи наречени: младински позиции.

Младинските позиции претставуваат резултатите од истражувањето “Потребите и барањата на средношколците” кое се изврши во четири средни училишта: СУГС “Раде Јовчевски-Корчагин”, СГГУ “Здравко Цветковски” СЕПУГС “Васил Антевски Дрен” и СУГС “Орце Николов”. Прашања поврзани со дискриминација, безбедност, екологија и ученички права беа поставени на вкупно 965 испитаници и од нив излегоа клучни препораки до релевантните институции, учениците, родителите и локалната заедница кои може да ги прочитате на следниот линк.

На младинското собрание беше презентиран прирачникот “Младинско учество за промени во средните училиште” во кој е опишан процесот на формирање на еден ваков Биди Зелен Клуб и некои други успешни примери на младински организации. Прирачникот може да го најдете на следниот линк.

Активностите организирани од Здружението Гоу Грин се поддржани од фондацијата Хејнирх Бол Штифтунг.