Гоу Грин е ко-основач на Aсоцијацијата за чиста животна средина Ајде Македонија! чија мисија е да овозможи одржливи решенија за управување со отпадот во РМ. Асоцијацијата Ајде Македонија! е иницирана како дел од светската асоцијација Ајде Свету! (Let’s do it World) која е присутна во повеќе од 112 земји во светот. Целта на глобалното движење е да иницира еднодневни акции за расчистување на што поголемо количество на отпад.

 

Проектот “Македонија без отпад” иницира процеси кон:

  • Развивање на свеста на населението за современото управување со отпад и потребата да ја преземат одговорноста како загадувачи и активно да се вклучат преку соодветни активности на локално ниво;
  • Едукација на различни целни групи, со посебен фокус на младите луѓе, на концептот нула отпад (отпадот е суровина, принципи на селектирање, реупотреба и рециклажа);
  • Развивање на сопфатна база на податоци за локациите, видот и количеството на отпад преку нивно организирано и синхронизирано мапирање;
  • Зајакнување на капацитетите на локалните заедници за управување со отпадот;
  • Формирање на одржливи мрежи на општествени чинители (институции, граѓани и невладин сектор) што ќе делуваат за спречување на нелегални и диви депонии.

Повеќе информации за Ајде Македонија и како може да се вклучите во проектот ќе најдете на www.ajdemakedonija.mk

Проектни извештаи од 20122013 и 2014 година.