Гоу Грин ги достави по втор пат Младинските зелени барања за зелени општини.

Во период септември-октомври 2022 беше спроведен прашалник Мојот предлог за зелена општина , опфаќајќи 4 општини (Аеродром, Кисела Вода, Чаир и Куманово).

Прашалникот го пополнија повеќе од 400 млади луѓе кои ги дадоа своите идеи и предлози како нивните општини да станат поеколошки и позелени. Во прашалникот, младите наведоа конкретен предлог и решение во нивната околина. Подоцна, заедно со представници од општините ги филтриравме и ги одбравме најдобрите и најсоодветните предлози кои се во надлежност на општината, со цел да им се предлагаат на градоначалнициве.

Предлозите за секоја општина посебно може да ги видите на следните линкови:

Младински Барања Кисела Вода

Младински Барања Аеродром 

Младински Барања Чаир (МК)

Младински Барања Чаир (АЛ)

Младински Барања Куманово (МК)

Преку  брошурата изработена во рамките на проектот (2021),  младите имаа можност да научат што се зелени општини и дека постојат демократски алатки за вклучување во јавниот дискурс во кој тие можат да направат промена.

Брошура (МК)

Брошура (АЛ)

Овие активности се во рамки на проектот “Младински eкoaктивизам за зелени општини” финансиран од фондацијата Хајнрик Бол во Босна и Херцеговина.