
Март-октомври 2019
Ученицте во РСМ не учествуваат во организации или здруженија на млади. Според истражувањето „Младинско учество во Македонија“ од МОФ и Реактор, околу 70% од учениците во средните училишта не знаат дека има ученички организации во нивното училиште, а 81% никогаш не учествувале во ученичка заедница.
Главната цел на проектот е да се воспостави младинска еколошка мрежа за преговори и кампања кај општините кои страдаат од загаден воздух и други еколошки проблеми.
Активностите вклучуваат:
- Воспоставување и организациска поддршка за појаки зелени клубови
- Тренинг програма на интернет за еколошки проблеми (младинско учество, биодиверзитет и заштита на видовите, климатски промени и загадување на воздухот, зелени работни места, одржлива урбана мобилност)
- Преговори и кампањи за биодиверзитет, чиста енергија и зелен транспорт
- Завршен настан „Млади за подобра животна околина“
Проектот е поддржан од Фондацијата Хајнрик Бол од Сараево.