
Гоу Грин во рамки на проектот „МЛАДИНСКИ ДИГИТАЛЕН ЕКО АКТИВИЗАМ ЗА ЗЕЛЕНИ ОПШТИНИ“ објавува повик за младински зелени комисии.
Ако си од општина Кисела Вода или Чаир и сакаш и ти да бидеш дел од зелената комисија во твојата општина и да се вклучиш во акција за собирање предлози за позелени општини, пријави се на следниот линк:
Зелената комисија ќе има за цел да собере заложби од младите во општината, да ги ревидира и да ги промовира пред локалните избори.
За проектот:
Проектот има за цел да ги вклучи младите пред локалните избори во замислувањето на процесот за зазеленување на општините – и она што тие би сакале да го видат за 4 години од сега.