
Април- Октомври 2021
Младите се пасивни кога станува збор за демократските процеси, поради недостаток на доверба во институциите и тесен простор за да се слушне нивниот глас. Општините како Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Битола и Куманово се едни од најзагадените и имаат проблеми со управувањето на отпадот или зголемената урбанизација и транспорт, што доведува до недостаток на зеленило и шуми. Локалните избори за градоначалници во С. Македонија се одлична можност за граѓански ангажман за озеленување на општините.
Со локалните избори оваа година, ние сакаме да ги вклучиме младите во замислувањето на процесот за зелените општини – и она што тие би сакале да го видат за 4 години од сега.
Преку проектот младите ќе создадат заложби за зелени општини и ќе се изврши притисок од јавноста кон политичките партии и кандидатите за градоначалници да размислуваат и да им дадат приоритет на мерките за подобрување на животната средина и квалитетот на воздухот. Со овој проект ќе им се покаже на младите дека има демократски алатки за вклучување во јавниот дискурс и дека можат да направат промена.
Цел на проектот
Младите луѓе активно учествуваат на локалните избори и се залагаат за зелени општини
Специфични цели на проектот се:
– Ангажирање на младите да земат активно учество на локалните избори за озеленување на нивната општина
– Подигање на свеста кај кандидатите градоначалници за важноста и предностите на зелените општини и нивната улога
Овој проект е финансиран од фондацијата Хајнрик Бол во Босна и Херцеговина.