Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот “МЛАДИНСКИ ДИГИТАЛЕН ЕКО АКТИВИЗАМ ЗА ЗЕЛЕНИ ОПШТИНИ” објавува повик за ангажирање на обучувач за младински активизам  

Краток опис на проектот: 

Проектот има за цел да ги мобилизира младите пред локалните избори, во замислувањето на процесот за зазеленување на општините – и она што тие би сакале да го видат за 4 години од сега.

Преку проектот младите ќе се обучат за дигитален активизам со цел да се  се изврши притисок од јавноста кон политичките партии и кандидатите за градоначалници да размислуваат и да им дадат приоритет на мерките за подобрување на животната средина и квалитетот на воздухот преку потпишување на заложби за зелени општини. Со овој проект ќе се покаже дека младите  имаат на располагање демократски алатки за вклучување во јавниот дискурс и дека можат да направат промена.

Опис и обем на работните задачи на обучувачот: 

  • одржување на 2 дневна онлајн обука за младински активизам (4 часа на ден, вкупно 8 часа од два дена – во месец јуни (да се потврдат точните денови) . 
  • Давање првични коментари на стратегиите од младите
  • Изготвување на извештај за сработеното на англиски

Обуката е наменета за 20 млади од засегнатите општини во проектот, кои подоцна ќе бидат дел од креирањето на заложбите за зелени општини. Замислата е тие да осознаат како преку користење на дигитални алатки може да мобилизираат повеќе истомисленици, а воедно и да наметнат „зелена идеја“ во нивната општина за која подоцна ќе бараат да се поддржи од градоначалникот на општината.

Обучувачот ќе треба да:

  1.  Ги обучи учесниците за активизам, што е тоа, кои се алатките за креирање критична маса на социјалните мрежи, како да создаваат “hot topics”, како да допрат до засегнатите страни 
  2.  Да го објасни стратешкиот пристап во комуникацијата на дигитални медиуми
  3. Да јa објасни важноста на младите и нивното вклучување во демократскиот процес и донесувањето одлуки на локално ниво
  4. Да ги информира младите за тоа каде и како е можна реализација на нивните предлози
  5. Да даде првични коментари и насоки за подобрување на стратегиите на младите

Подготoвка на материјали за обуката 

  • Да изготви подготвителни материјали за обуката во соработка со проектниот тим.
  • Да даде коментари и препораки за комуникација со општините (начини на поднесување барања, жалби, писма..)
  • Да предложи говорници за мотивација преку презентација на веќеспроведени зелени дигитални активности

Резултати од обуката:

  • Учесниците се запознаени со активизам
  • Учесниците имаат изготвено стратегија за нивната идеја
  • Учесниците знаат како да бараат и притискаат за поддршка на заложбите од градоначалниците
  • Извештај од обуката

 Временска рамка и финансиски надомест:

  • Обучувачот кој ќе биде избран по пријавување на овој повик, ќе биде ангажиран со договор на дело со бруто надомест од  30 848 МКД .

Потребни квалификации 

Kандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  •  Да има завршено високо образование;
  • Искуство во комуникација на социјални медиуми
  • Искуство со младински активизам, дигитален и физички
  • Искуство и работа со млади и неформално образование Искуство од областа на животна средина, одржлив развој и  младински политики
  • Искуство во работа со јавни институции (преговири, лобирање) ќе се смета за предност

Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • Претходно искуство во спроведувањето на слични активности 
  • Спроведен разговор

Потребна документација 

Понудата треба да го содржи следново:

  •  кратка биографија (CV) со наведени релеватни активности и искуства

Рок за пријавување 

Рокот за пријавување е најдоцна до 10.05.2021 до 16 часот на следната емаил адреса:  elenaacevska@bidizelen.org на истата може да поставите и дополнителни прашања со назнака Апликација за обучувач

Овој проект е финансиран од фондацијата Хајнрик Бол Сараево.