
Гоу Грин објавува повик за проектен асистент за младински еко-активизам. Сите заинтересирани да се пријават до 12.06.2021 со испраќање на кратка биографија со контакт податоци и кратка мотивација до 200 збора на elenaacevska@bidizelen.org
Проектот има за цел:
- да се активираат младите да достават барања за зелени општини до кандидатите градоначалници во пресрет локалните избори, и
- да се направи јавен притисок за нивно потпишување.
Предвидени проектни активности:
- Обука на младински еко-активисти
- Организирање на младински еко-форуми во општините
- Прибирање на визии на младите за зелени општини
УСЛОВИ ЗА РАБОТА
- Ангажирање на договор на дело (Јуни-Ноември)
- Финансиски надомест зависно од искуството на кадидатот/ката
- Флексибилно работно време (комбинирано дома и во канцеларија)
РАБОТНИ ОБВРСКИ
- Помош при организирање активности (младински форуми) во неколку града
- Соработка со тимот за комуникација
- Комуникација со засегнати страни
- Админситративна поддршка
КВАЛИФИКАЦИЈА
- Завршено високо образование
- Искуство со менаџирање проекти е предност (организација и администрација)
- Познавање на еколошки теми е предност
- Познавање на англиски е задолжително
- Познавање на албански е задолжително
За дополнителни прашања контактирај ја Елена Ацевска на elenaacevska@bidizelen.org