Доколку си млад човек кој е отворен за нови можности и пријателства, критичко размислување и љубеник на храната и нејзината подготовка оваа размена е одлична можност за тебе да стекнеш ново, несекојдневно искуство.

Храната е одличен начин младите да ги приближат до себе културните разлики и сличности на други националности. Оваа размена има за цел да ја користи храната како метод за зближување и зголемување на толеранцијата меѓу различните култури.

Храната како метод ќе се користи за да се создаде мост меѓу различните култури и да се охрабрат разликите меѓу учесниците. Учесниците ќе ја подготвуваат, ќе го истражуваат нејзиното потекло и ќе ги споделуваат своите знаења за сопствената, но и туѓата култура.

Покрај учесници од нашата држава ќе учествуваат и млади од Хрватска, Германија, Грција, Романија, Турција и Италија.

Размената ќе се одржи во Остерхолз-Шармбек, близу Бремен, Германија во рамките на Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Повикот е наменет за сите млади лица од 18 до
30 години кои се способни да комуницираат на англиски јазик. Организаторите ќе ги покријат
трошоците за сместување и храна како и патните трошоци на учесниците до 275 евра.

Во продолжение можете да прочитате повеќе информации за целите на проектот (BreakingBread-BreakingBarriers_Infopack). Доколку сте заинтересирани да земете учество во младинската размена, пополнете го формуларот за пријавување најдоцна до 24-ти јануари. Доколку имате прашања можете да ни се обратите на info@bidizelen.org со назнака: Прашање “Breaking bread, Breaking barriers”.

Главни цели на размената:
 Развивање на вештини за критичко размислување
 Зголемување на толеранцијата и прифаќањето на различни култури
 Учење за различни земји и нивниот животен стил преку нивната кујна
 Споделување на различната храна и кршење на културните бариери преку храната
 Учење на неформални алатки за учење и можностите на Е+ програмата
 Вклучување на млади со помалку можности и посебни потреби

Доколку сакаш да бидеш дел од оваа размена, пополни ја апликацијата [GG] APPLICATION FORM for E+ Breaking bread, breaking barriers најдоцна до 24/01/2019, 23:59h и испрати ја на info@bidizelen.org со назнака Апликација “Breaking bread, breaking barriers.”