Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје, преку програмата Рекономи ја спроведува проектната активност за мапирање и формирање на Регистар на социјални претпријатија во секторот управување со отпад, ги кани сите социјални претпријатија кои работат или нудат услуги во секторот отпад, да го пополнат овој прашалник.

Линкот за регистрација на социјалните претпријатија во секторот управување со отпад можете да го најдете тука.

Главните цели на проектот се:

● Застапување за подобри политики за поддршка на социјалните претпријатија за управување со отпад;

● Вмрежување помеѓу клучните чинители и олеснување на соработката;

● Подигнување на свеста за примарна селекција на отпадот и мобилизација на јавна поддршка за интеграција на собирачите на отпад преку социјалните претпријатија

Податоците од овој прашалник ќе се користат за мапирање и креирање на регистар за социјални претпријатија кои работат и даваат услуги во секторот отпад во Република Северна Македонија од страна на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје. Мапирањето и креирањето на регистарот е проектна активност од програмата RECONOMY. Reconomy е инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во Источното партнерство и земјите од Западен Балкан.