„Отпадот не смее да ни биде новото нормално“ – Денот на планетата Земја одбележан од Гоу Грин со три акции

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина “Гоу Грин” го одбележаа “Денот на планетата Земја” со неколку активности кои опфатија едукација на најмладите од градинката ЈУДГ ОЦ “13-ти ноември”, акција за чистење “Eко патрола” на отпадот во Градскиот Парк во Скопје и акција за чистење на езерото Козјак.