На 23.10.2019 во Брисел се одржа обука за стандардизација и животната средина на тема: “ The good the bad and the greener”. Како претставник од Гоу Грин беше Марија Накова а беа присутни членови, експерти, претставници на невладиниот сектор, малите бизнис претпријатија и индустрискиот сектор. Оваа работилница претставува втор дел од обуката по воведниот вебинар. Интерактивната обука им овозможи на учесниците да учествуваат во процесот на спознавање на стандардизацијата од различни засегнати страни.
Директорот за политика на ЕКОС, Кристофорос Спилиотополус, го илустрираше процесот на стандардизација и неговата поврзаност со регулативата, додека експертот на ЕКОС – Катриона Мекалистер прикажа практични примери како се бранат интересите на животната средина при процесот на стандардизација. Беше оддржана дискусија со Рубен Декер- директор за животна средина од Европската комисија и Синсија Мисироли- од Центарот за управување со CEN CENELEC, на која беше дискутирана улогата на ЕКОС  во системот на стандардизација и важноста на вклучувањето на невладините организации во процесот на донесување, коментирање и усвојување на стандарди. Обуката беше проследена и од интерактивни вежби со промена на улоги со цел учесниците да разменат мислење, да се запознаат со основните поими во стандардизацијата, да дискутираат и коментираат стандарди кои се во изработка и да ги знаат своите права и можности при усвојување на стандарди кои се однесуваат на животната средина.