youth-talks-web

„Youth Talks 2030“ е настан за млади од едукативно-забавен карактер кој има за цел да ги поттикне младите да размислуваат за нивната визија за општеството, да ја подигне еколошката свест и да овозможи простор за креативно изразување на иновативни идеи.

На овој настан, 10 млади луѓе (средношколци и студенти) ќе имаат свои говори на сцена со цел да ја искомуницираат својата визија за темата која ја одбрале. Најдобрите говорници ќе одат во Луксембург (16 до 26 јули) на меѓународен семинар „Active Change Makers“ на кој ќе присуствуваат и млади од Германија, Шпанија и Хрватска.

Влез за настанот се 3 празни батерии или нефункционален електричен уред (фен, телефон…)

ПРИЈАВИ СЕ КАКО УЧЕСНИК

Инспирирај се, гласај за најдобрите говорници и запознај се со многу млади, креативни и амбициозни луѓе! Со учество на овој настан ќе добиваш информации од Гоу Грин за различни можности во земјата и странство. Учесниците на настанот со гласање ќе ги изберат најдобрите говорници.

ПРИЈАВИ СЕ КАКО ГОВОРНИК

Избери тема и натпреварувај се за учество на семинар во Луксембург!
Темите за комуниникација на визијата на општеството ќе бидат низ перспектива на „Целите за одржлив развој на Обединетите Нации (ЦОРОН)“ кои ја даваат и глобалната насока на светот за 2030 година. Темите се: сиромаштија, храна, здравје, образование, родова еднаквост, вода, енергија, работни места, индустрија и иновации, еднаквост, одржливи градови и заедници, одговорна потрошувачка и производство, климатска акција, живот под вода, живот на копно, мир и правда, градење партнерства. Повеќе за нив можете да прочитате на следниот линк: www.un.org/sustainabledevelopment/sustainable-development-goals/

Избраните 10 говорници ќе добијат менторска поддршка од страна на искусни говорници за подобра подготовка на „своите 5 минути“ на настанот.
Изборот на говорници ќе биде врз база на следниве критериуми:
– квалитет на апликација
– креативност и страст
– оригинална идеа
– ниво на мотивација

Деталната програма како и музичарите задолжени за подигнување на атмосферата ќе бидат наскоро објавени.
#YouthTalks2030

Следете ги сите новости на нашиот фејсбук настан