Мапирај го ѓубрето и помогни да биде историја!

На 15 септември 2018 година, милиони волонтери во 150 земји ќе се обединат за да го исчистат светот во еден ден. Овие земји ќе бидат исчистени од расфрлениот отпад како дел од најголемата граѓанска акција во историјата на човештвото.

За да можеме да го исчистиме отпадот, треба да знаеме каде е. Е тука настапувате вие и вашиот телефон!

Преземете ја апликацијата и почнете да мапирате!

Побарајте места со многу расфрлано ѓубре во вашето соседство или во природата околу и обележете ја нивната локација на нашата едноставна апликација за мапирање.

Преземете ја апликацијата!

Моќта на граѓанската наука

Покрај помогнувањето да се подготви Светскиот ден на чистење, оваа глобална иницијатива за мапирање отпад ќе помогне да се подигне свеста за огромното загадување од отпадот.

Податоците ќе бидат презентирани на Светска платформа за отпад – создавајќи ја најраспространетата база на податоци за погрешното постапување со отпадот во светот: opendata.letsdoitworld.org

Овие вредни податоци ќе ни помогнат како информации во понатамошниот план за чување на местата чисти – насочувајќи поединци, корпорации и влади да стават крај на широко распространетото загадување од отпадот.

 

Помогни да се рашири зборот: #mapthetrash #globaltrashmap #worldcleanupday

https://worldcleanupday.org/map-it/

Facebook: World Cleanup Day Waste Mapping

Доколку имате прашања поврзани со мапирањето, обратете се на kiril@bidizelen.org