Во рамки на проектот „Зелени вештини за млади“ се отвора повик за 3 млади луѓе (15-23 години) кои ќе спроведуваат програма за зелени вештини во средно училиште.

Програмата Зелени вештини за млади е наменета за ученици од средни стручни училишта. Таа е наменета да го прошири знаењето на средношколците за еколошки теми и да им овозможи практични примена на стекнатите знаења кај работодавци кои работат одредено зелено занимање. Програмата се состои од два дела:

  • Часови за еколошки теми: аерозагадување, климатски промени, енергетска ефикасност, отпад, транспорт во средните стручни (март)
  • “Учење од сенка” кај работодавци кои извршуваат “зелено занимање” (април)

Задачи на обучувачите се:
– Креирање на свои часови за програмата
– Одржување на еден час неделно (2 блок часа) во одредено училиште
– Употреба на неформални методи за образование при одржување на часовите

Задачите на промотерите се:
– Креирање на комуникациски план за промоција на програмата во училиштата
– Одржување на инфо-состаноци во училиштето
– Таргетирање на фирми и компании од бизнис сектор кои би биле потенцијални спонзори на програмата
– Комуницирање со потенцијалните фирми и компании

Обучувачите и промотерот ќе поминат низ дводневна обука на која што ќе стекнат знаења за спроведување на обуката. Тие ќе бидат менторирани од експерти кои ќе го поддржуваат процесот на креирање на часови и планирање на промоција.

Пријавувањето за обучувач или промотер е на следниот линк, најдоцна до 12.02.2019г.

Проектот е поддржан од Агенција за млади и спорт