Координаторот за членство е позиција за членството на Гоу Грин. Позицијата означува координирање и администрирање на членството. Главни задачи и обврски на координатор на членство се:
- Евидентира дали се исполнети критериуми за активни и пасивни членови во датабаза
- Ја евидентира присутноста на членовите на национални состаноци во датабаза
- Ја евидентира присутноста на членовите на обуки, семинари, работилници и настан надвор од Гоу Грин, а препорачани од Извршна Канцеларија
- Креира дополнителнионлајн датабази за следење на активноста на членовите
- Ги ажурира драјв фолдерот за Биди Зелен Мрежа и ги потсетува тим лидери од Биди-Зелен Клубови за активно прикачување на материјали од нивна страна
- Комуникацира со тим-лидери на Биди-Зелен Клубови во врска со нивните активности и ја известува Извршната Канцеларија за активностите
- Ги поврзува тим-лидери од менторските парови за одржување на заеднички активности
- Бележи дали активностите во плановите на Биди-Зелен Клубовите се реализираат
- Ја информира Извршната канцеларија за било какви проблеми меѓу членовите на Биди-Зелен Клубовите
- Го следи развојот на карактеристиките на Цветко според усвоените критериуми за членството на БЗК Мрежата
- Комуницира со младинскиот координатор за подобрување на структурата на Биди-Зелен мрежата
- Дава административна поддршка на младинскиот координатор при организација на националните состаноци или активности за членството на Гоу Грин
- Навремено ги информира членовите за агендата за активности
- Ги следи активностите на секоја иницијативна група и ја информира Извршна Канцеларија доколку иницијативната група има потреба од помош и дополнитена поддршка при организирање на активности
Потребни квалификации:
- 1 година активен член на организацијата
- Познавање на структурата на еден Биди-Зелен Клуб
- Запознаен/а со работата и стратегијата на организацијата
- Познавање на Правилникот за функционирање на Биди-Зелен Клубови и Правилник за членство
- Познавање на онлајн алатки за работа како: драјв, гугл форми и групи
Профил на координатор:
- Минимум 17 години и активен тим лидер на лидерско тело на Биди-Зелен Клуб
- Посветеност на работата во организацијата
- Одговорност спрема рокови и реализирање на зададени работни задачи
- Комуникативна личност
Од кандидатот се очекува ангажман од 10 часа неделно со физичко присуство во канцеларијата на Гоу Грин или онлајн работа од дома.
Работната позиција е на волонтерски договор и за истата е предвиден соодветен надомест за трошоци за храна и превоз.
Пријавувањето е со лична биографија на info@bidizelen.org со назнака Аплицирање на повик за координатор за членство не подоцна од 10/02/2019.