Гоу Грин, продоложува да ги едуцира младите на полето на климатските промени и одржливот развој. Овој пат фокусот е на соларната енергија. Користејќи неформални методи на образование како што е квиз натпреварот подигнуваме свесност за значењето на соларната енергија и приодбивките од намалувањето на СО2. 

 

Во рамки на проектот „Скаме Соларна Енергија“ финансиски поддржан од ЕУ, организиран беше квиз насловен како Соларна енергија на 10ти септември 2020. Квизот во форма на натпревар помеѓу градовите Скопје, Прилеп и Куманово беше спроведен на зоом платформата како уште еднаш успешно одговоривме на Ковид-19 предизвиците. 

 

Секој град беше претставуван од 5 учесници кои во тим одговараа на 10 прашања во време од една минута поврзани со отпечаток на јаглероден учинок, сончева енергија и електрична енергија. 

 

Младите беа ентузијасти и покажаа особен интерес за учество на самиот квиз. Учесниците се подготвуваа за самиот квиз од прирачникот кој исто така беше изготвен во рамки на проектот.