По обjавувањето на првиот сет прашања и одговори, пристигнаа уште поконкретни прашања на кои одговараме за станарите да имаат уште појасна слика што претставува #селектирам.

Во рамки на иницијативата #селектирам, зградите може да се пријават за услугата за собирање на хартија и пластика до петок 21.08

1.Колку често се собира отпадот, од кого и како?

Пластиката еднаш неделно, хартијата на две недели. Но, на почетокот ќе биде со информирање на е-маил или вибер, и од првите три собирања веќе ќе знаеме која е идеалната динамика за вашата зграда. Собирањето ќе се врши лиценцирана фирма за собирање и транспорт. Во случајот е РЕДИ Рециклажа – која е социјално претпријатие за инклузија и вработување на ромите. Веб страната им е уште во изработка, но може да ги видите нивните основачи (www.redi-ngo.eu)

2. Што кога ќе се преполнат корпите предвреме?

Ако сме се договориле еднаш неделно, а се наполнат вториот ден,  тогаш ќе не информирате и ќе биде направено собирање. Но, ќе мораме да имаме предвид да не се доаѓа за една полна канта, односно еден спрат ја наполнил веднаш (не ги смачкал шишињата, или пијат вода од 5 литарски балони и одма се полни кантата). Во тој случај ќе замолиме да се смачкаат, за да се добие во време и другите спратови да наполнат кантите. Ќе нема логика да се доаѓа само за 1 канта полна, а другите спратови да се празни.  Доколку еден од спратовите ја полни значително побрзо кантата, при следното собирање ќе ставиме две канти за пластика.  Во првите два месеци ќе се знае динамиката на полнењето на кантите и со заедничка комуникација ќе ја најдеме оптималната формула.

3. Колку правилно се спроведува селектирањето?

Тоа зависи од Вас. Ќе има поставено инструкции и слики кои ќе може да ги споделувате на вибер за да се запази правилно селектирање. Од искуството со зградата на Антон Попов бр.1, во првиот месец, еднаш некој стави цела ќеса ѓубре, беше опоменат спратот (на вибер група) и потоа не се случи тоа. Важно е станарите (или барем мала критична бројка на еко-станари) да сакаат да успее тоа. Тогаш и станарот ќе се симне пешки еднаш од 5-ти до доле за да провери како оди селектирањето и некогаш ако има ќеса ѓубре ќе ја сликне и ќе ја прави на вибер групата. А ако сте поодговорните еко-станари ќе ја земе и ќе ја фрли во ѓубре. Ова ќе го направат одговорни ентузијасти кои сакаат  да успее селектирањето и да не се ствара негативно искуство и муабети како „ете гледаш нашиот народ не може да научи итн.“. Првиот месец најверојатно ќе биде најпредизвикувачки, а потоа се ќе стане рутина.

4. Колку често се случува кантите да се растурат?

Од искуството со зградата на Антон Попов бр 1, тоа никогаш не се случило.

5. Дали некогаш се шири миризба од неизмиени амблажи?

Кога има редовно собирање, дури и да станарите некогаш не се придржуваат до плакнење на шишињата, нема да има миризба.  На Антон Попов бр.1 еднаш имаше таква опомена, но тоа пак се враќа кај станарите и опомена за да се исплакнат течностите (сок, јогурт итн). Во тој случај или еко-комшијата ќе ја тргне таа амбалажа која мириса или ќе се јавите кај нас и ќе се направи собирање.

6. Колкy канти е планирано да се постават во зградата?
Ќе се договориме заедно. По потпишување на договор се прави посета во зградата со контакт лицето, се разменуваат договорите и се договараат локациите и бројот на канти.
7. Кои се лицата кои ќе ги празнат кантите? Дали постои простор за загриженост околу безбедноста за станарите од зградата?
Лицата ќе бидат обучени собирачи (три месеци обука со еден месец на терен). Дополнително, собирачите ќе одат со супервизор кој ќе врши контрола и записник од собирањето (кој спрат добро селектира, кој не). Сите мерки ќе бидат преземани, и за ова е посветено многу внимание.
8. Дали може да бидат кантите оставени на секој спрат?
Може ако има повеќе од 6 стана на спрат.
9. Во нашата зграда се влага со клуч или со код… како би ги празнеле во тој случај?
Се ќе се договори заеднички. Во договорот пишува дека првите три собирања ќе се прават заеднички со контакт лицето. Целта на тоа е да полека и комшиите го запознаат собирачот и да се види како функционира, а после третото собирање веќе ќе се договори динамика и како ќе влегува собирачот (и супервизорот) за да врши собирање.
10. Дали кантите може да се постават во подрумскиот дел или до главниот влез на зградата?
Може. Се е заеднички договор. Поентата е само да им биде полесно на станарите да селектираат, затоа и сакаме кантите да се пооблиску до нив, но и да направиме културно зелено катче од тоа место, а не да се перцепира како „фрламе ѓубре“.
11. Што се случува со отпадот после празнењето на кантите? Се рециклира? Каде и кој го рециклира?
Фирмата што го и презема. Реди Рециклажа. Се третира, се двои бела, зелнеа, плава пластика, се балира, и се продава за рециклирање (во Романија). Од ПЕТ пластиката ќе се прави влакно – текстил – за навлаки во коли. Ќе ги разгледаме опциите и за кај нас да има рециклирање, ама здравје таа инвестиција би била во подоцнежна фаза откако ќе се формира поголема мрежа и би знаеле колку суровини би собирале.

За дополнителни прашања, контактирајте не’ на info@selektiram.mk