Во период од 12ти до 15ти јуни 2023 се одржа младински камп за одржлив транспорт во Camping SCOUTS Струга. Учествуваа 34 млади од Скопје, Куманово, Прилеп и Гостивар. 

Целта на кампот беше новите членови на Гоу Грин да добијат познавање од одржлив транспорт, детектирање на локален проблем и изнаоѓање конструктивно предлог-решение. Притоа ги изучија и правните и активистички алатки кои ќе ги користат за мобилизирање на што е можно повеќе поддршка за да нивното решение биде прифатено од локалните власти. 

Првиот ден го започнавме со запознавање, а веднаш потоа се одржа сесијата на тема “Климатски промени и транспорт” . Денот го завршивме со дискусија и работа во група за “Активизам и одржлив транспорт” преку алатката „Коренот на проблемот“.

Вториот ден го отворивме сесија “Одржлив транспорт и детектирање проблеми” со Дарко Арсовски Петровски, преку која учесниците ги воочија и детектираа проблемите поврзани со транспортот во нивните општини. Бојан Трповски ги презентираше надлежностите на институциите поврзани со одржлив транспорт по штосекоја група од четирите градови и општини произлезе со по еден проблем поврзан со пешаци, велосипедисти и климатска митигација од автомобилите, како и заедничко решение на истиот. Решенијата беа презентирани пред сите учесници и менторите Дарко Арсовски Петровски и Бојан Трпeвски од Македонското здружение на Млади правици . Денот го затворивме со bonfire, игри, забава и дружба.

Третиот ден започна со теренскиактивности:  возење велосипеди каде што учесниците излегоа на терен да ги видат условите во кои можат да го применат одржливиот транспорт заедно со Дарко Арсовски од НаТочак. Потоа следуваше и кајакарење преку кое учесниците стекнаа нови вештини. Подоцна по презентацијата на активистичките и правните/демократски алатки за младинско учество, сета теорија младите започнаа да ја планираат за пракса“Пополнување на план за локални акции” и презентација на истите. Планоците за локалните еко акции кои ги спремија учесниците од секои од четирите градови/општини ќе бидат реализирани во периодот од јули до октомври 2023.

Четвртиот ден и последен ден од кампот го започнавме и завршивме со заклучоци и reflections околу тоа што учесниците научија, а воедно и доделување на промотивен материјал (ташниче и алатки за велосипед). 

Младинскиот камп беше организиран во рамки проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска.