
Август 2019- април 2020
Цели
- Развиени активистички јадра за климатски промени во средните училишта во Битола, Кичево и Скопје,
- Потпишување петиција за „Училишта на сончева енергија“,
- Зголемена свест кај носителите за одлуки за важноста на образованието за климатски промени и сончевата енергија како енергенс на образовните установи – најмалку една институција испраќа писмо со кое иницира поголемо учество и застапеност на темата климатски промени во образованието.
Партнери
- Средно училиште „Таки Даскалот“, Битола
- Средно училиште „Јосип Броз Тито“, Битола
- Средно училиште „„Дрита“, Кичево
- Средно училиште „Раде Јовчевски Корчагин“, Скопје
- Средно училиште „Боро Петрушевски“, Скопје
- Средно училиште „Никола Карев“, Скопје
- Иницијатива „Fridays for future“
Активности
- Средношколски камп за климатски промени
- Анализа на јаглеродниот учинок од средните училишта
- Кампања „Училишта на сончева енергија“
- Работилница за изработка на петиција и комуникациски план
- Интернет кампања на социјални медиуми
- Едукативно-музички настани во училиштата
- Средби со институции на локално и национално ниво
Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ е спроведуван од Еко-свест, ЦНВП и ДЕМ. Проектот е финансиран од Европската унија.