Пополни го прашалникот за образование за климатски промени

Во рамки на проектот Млади за образование за климатски промени и квалитетен воздух, Гоу Грин се залага за подобрување односно интегрирање на образованието за климатски промени во основните училишта. За таа цел се анализираат на наставните програми на деветогодишното образование и се прегледуваат содржините на сите учебници со цел да се анализира застапеноста на темите […]

Видео и презентации од конференцијата „Училишта на сончева енергија“

На 26.06 се одржа конференцијата „Училишта на сончева енергија“ на платформата ZOOM на која како говорници присуствуваа Ивана Вучкова од Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, д-р Александар Дединец стручен соработник во МАНУ и проф. д-р Илија Насов претседател на Асоцијацијата Солар Македонија. Видеото може да го погледнете тука. Презентација на д-р Александар Дединец Презентација на Ивана Вучкова […]

Виртуелна тура низ Библиотеката за обучувачи (Trainers Library)

На 2 јули со почеток во 10ч ќе се одржи виртуелна тура на Библиотеката за обучувачи пред публика составена од обучувачи и младински работници. На виртуелната тура ќе бидат презентирани и објаснети материјалите кои се прикачени на Библиотеката, како и различните начини на кои може да им користи на обучувачите и младинските работници. Што претставува Библиотеката […]

Видео-конференција: Училишта на сончева енергија

Во рамки на залагањата на нашето здружение за енергетски ефикасни училишта на сончева енергија и зголемено образование за климатски промени имаме петиција како и серија на интернет конференции на темите. Следната конференција е планирана за 25 јуни, со почеток во 10:00 часот, на тема „Училишта на сончева енергија“.  Конференцијата е наменета за општините и училиштата […]

Интернет-конференција „Енергетски ефикасни училишта“

Во рамки на залагањата на нашето здружение за енергетски ефикасни училишта и зголемено образование за климатски промени  организираме интернет-конференција* на 9 јуни, со почеток во 10:00 часот, на тема „Енергетски ефикасни училишта“. Конференцијата е наменета за претставници од општините, наставници, ученици како и училишната администрација и ќе има за цел да ги поттикне истите да […]

ПОВИК ЗА НАСТАВНИЦИ ОД ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

Гоу Грин креира база на наставници во основно образование со цел да се евалуира образованието за климатски промени во нивното училиште. Доколку сте одделенски или предметен наставник/чка и организирате еколошки активности, предавате за климатски промени, или пак сакате да научите за тоа и да го вметнете во наставата, пријавете се да бидете дел од нашата […]

Зазеленување на економиите – транзиција кон одржливи и социјално праведни општества

Оваа статија се осврнува на климатската и еколошката криза, како и на транзицијата што треба да ја направиме кон праведно, инклузивно и еколошки одржливо општество. Се зборува за моменталниот економски модел и неговата мантра на постојан раст. Понатаму, се разгледува енергетската транзиција и преминот кон циркуларна економија, индустриите со најголем пад и оние со најголем […]

Владата да не им наложува на угостителите да користат пластика за еднократна употреба

Еколошките организации бараат редуцирање на пластиката за еднократна употреба. Нужни се визионерски решенија за одржлива иднина Ги поздравуваме напорите на Владата на РСМ да се справи со коронавирусот, но мора да нагласиме дека при носење одлуки и мерки мора да се земат предвид последиците и предизвиците со кои се соочуваме во областа на животната средина и […]

Образованието клучно во борбата со климатските промени – заклучоци од видео-конференцијата

Во средата, 13 мај, со почеток во 20.30ч се одржа видео-конференција на тема „Значењето на образованието за справување со климатските промени“ на која учествуваа 63 учесници [конференцијата може да ја погледете тука].  Целта на видео-конференцијата беше да се поттикне дијалог помеѓу младите и институциите за потребата од суштинска застапеност на образованието за климатски промени во […]

[инфо-график] Средните училишта да го намалат емитирањето на СО2

“#Училиштанасончеваенергја е иницијатива 👉 http://chng.it/gnyGvkyMTb од средношколците по објавените резултати за тоа колку СО2 испуштаат нивните училишта. Потписите и барањата од петицијата понатаму ќе се проследат до надлежните институции. Имајќи ги предвид потрошувачката на електрична енергија, енергенсите за греење (нафта, дрво) и енергетско-ефикасноста на самиот објект, алатката за пресметка на јаглероден учинок го пресметува емитирањето на јаглеродниот диоксид на […]