“Sustainable Green Future” ќе биде младинска размена организирана во Гарлштед во Германија, која ќе вклучува 30 млади луѓе и 6 тимски лидери на групи од 6 различни земји: Шпанија, Северна Македонија, Романија, Грција, Чешка и Германија.

Возраст на учесници: 17-23 години, тимски лидер 18+

Големина на групата за земја: 6 учесници по земја вклучувајќи 1 лидер на групата (5+1)

Место: Гарлштед, Остерхолц Шармбек, Германија

Место: Културхаус

Денови на активност: 10 дена вклучувајќи ги деновите за патување

Датум: од 2ри до 11ти септември 2023

Повеќе детали: инфопакет

Аплицирај тука.

Овој проект сака да ја подигне свеста за заштита на животната средина, одржливоста и улогата на младите во неа. Младите во Европа не се свесни за важноста на заштита на живптната средина или не знаат што можат да направат за да ја подобрат ситуацијата. Целите на овој проект се да ги научи младите за различни концепти поврзани со заштитата на животната средина, како што се герилско градинарство, садење дрвја и други; да покаже добри примери за заштита на животната средина и младински активизам за заштита на животната средина од земјите учеснички; да им даде алатки на младите од 6 различни земји, охрабрувајќи ги да ја направат промената во нивната локална заедница; да ги едуцира младите за целите на одржливост и одржлив развој.

За да аплицирате потребно е да завршите неколку чекори кои може да ги видите тука.

Ако имате било какви прашања или ви е потребна помош контактирајте не на info@bidizelen.org