
„Healthy Mind in a Healthy Body“ ќе биде младинска размена организирана во Гарлштед во Германија, која ќе вклучува 32 млади луѓе и 8 лидери на групи од 4 различни европски земји: Шпанија, Северна Македонија, Хрватска и Германија.
Возраст на учесници: 14 -19 години, водачи на групите се 18+
Место: Гарлштед, Остерхолц Шармбек, Германија
Датум: 19-ти до 29-ти јуни 2023 година.
Овој проект има за цел превенција и помагање на младите луѓе повторно да се поврзат со себе, природата и другите луѓе на нивна возраст. Со одење на прошетки или други физички активности, тие не само што ќе го подобрат своето физичко, туку и ментално здравје. Главниот фокус на проектот е да им се покажат техники и алатки на младите како да се грижат за своето психо-физичко здравје, а воедно помагајќи им да се справат со своите обврски на здрав начин.
За повеќе информации: infopack
Право на учество имаат само оние коишто ќе завршат еден од нашите курсеви и направат локална еко акција:
– акција за чистење
– садење дрвја
– еко герила акција
– официјален допис до вашата општина за еколошки проблем ( испратете барање за информации од јавен карактер, испратете предлог за идеја, организирајте средба со вашиот службеник за млади итн. )
Може да се инспирирате за идеи од курсевите или доколку ви треба помош, можете да побарате помош од Help Desk за правна, експертска и менторска помош https://edu.bidizelen.org/help-desk/ или да ни испратите порака на info@bidizelen.org.