
Мај 2022 – Мај 2024
EU Youth Cinema: Green Deal е проект посветен на одржлива Европа и ги прикажува целите на Европската унија во филмски конкекст.
EU Youth Cinema: Green Deal ќе обезбеди програма низ текот на целата година од мај 2022- мај 2024, со фокус на информирање и едукација за зелената агенда главно преку филмови. Проектот ги активира младите за еколошките предизвици и промовира зелени активности и навики.
Заедно со професорите и учениците, ќе придонесеме до климатски-неутрална иднина и ќе го придвижиме развојот кон зголемување на свесноста за заштита на животната средина на заедницата со висококвалитетен пристап. Ова го правиме и на транснационално ниво: со поддршка од партнерите, EU Youth Cinema: Green Deal ќе се одвива паралелно во С.Македонија, Австрија, Хрватска, Словенија и Романија.
Програмата се заснова на внимателно одбрана филмска колекција од вкупно 25 европски филмови, кои ќе бидат прикажани во кино салите во 19 европски града, и како можност да се гледаат на интернет. Исто така, програмата ќе биде придружена со ажурирани дидактички материјали и тематски поврзани дискусии, работилници и предавања со релевантни гости.
Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија.